КООСНОВАЧОТ НА ВИКИЛИКС ЏУЛИЈАН АСАНЖ УАПСЕН ВО ЛОНДОН

    КООСНОВАЧОТ НА ВИКИЛИКС ЏУЛИЈАН АСАНЖ УАПСЕН ВО ЛОНДОНАсанж во последните седум години живееше во амбасадата на Еквадор во Лондон (Фото: АП)

    Коосновачот на Викиликс Џулијан Асанж е уапсен во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што живееше во последните седум години. Тој доби азил во амбасадата со цел да избегне екстрадиција во Шведска, каде што против него беше отворен случај за сексуален напад, што во меѓувреме беше отфрлен.

    Лондонската полиција објави дека Асанж е уапсен врз основа на налог од 2012 година за непојавување на суд.

    Четириесет и седумгодишниот Асанж е баран и во САД, каде што Министерството за правда има покренато обвиненија против него за објавување тајни документи.

    Претседателот на Еквадор Ленин Морено изјави дека го има повлечено азилот на Асанж поради постојано прекршување на меѓународни конвенции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира