КОРИСНИЦИТЕ НА ТВИТЕР ГЛАСАА ЗА ЗАМИНУВАЊЕТО НА МАСК ОД ФУНКЦИЈАТА ИЗВРШЕН ШЕФ

    КОРИСНИЦИТЕ НА ТВИТЕР ГЛАСАА ЗА ЗАМИНУВАЊЕТО НА МАСК ОД ФУНКЦИЈАТА ИЗВРШЕН ШЕФМаск претходно кажа дека ќе ги почитува резултатите од анкетата (Фото: Гети)

    Корисниците на Твитер гласаа за повлекувањето на Илон Маск од функцијата извршен шеф откако тој отвори анкета за неговата иднина. Тој побара од своите 122 милиони следбеници да се изјаснат по ова прашање и 57,7% од учесниците во анкетата гласаа „за“.

    Маск, кој го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври, претходно кажа дека ќе ги почитува резултатите од анкетата. Тој не се огласи со коментар откако гласањето беше затворено, но и доколку се повлече од функцијата извршен шеф, ќе остане во компанијата како нејзин сопственик.

    Повеќе од 17,5 милиони корисници на Твитер учествуваа во анкетата, на која 42,5% од нив се изјаснија против повлекувањето на Маск. Тој во минатото ги почитуваше анкетите на Твитер.

    Маск самиот се назначи за извршен шеф на Твитер, откако голем дел од директорите беа сменети или поднесоа оставка по продажбата на компанијата.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира