КОРОНАВИРУСОТ Е ПОВТОРНО ДОНЕСЕН ВО ЦРНА ГОРА ОД ОНИЕ КОИ БИЛЕ НА МЕЧОТ ПАРТИЗАН-ЗВЕЗДА, ВЕЛАТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ

    КОРОНАВИРУСОТ Е ПОВТОРНО ДОНЕСЕН ВО ЦРНА ГОРА ОД ОНИЕ КОИ БИЛЕ НА МЕЧОТ ПАРТИЗАН-ЗВЕЗДА, ВЕЛАТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИСе проценува дека на фудбалското дерби во Белград имало околу 20.000 навивачи (Фото: РАС)

    Директорот на Клиничкиот центар на Црна Гора Јевто Ераковиќ изјави дека сите новорегистрирани случаи на коронавирус во земјата речиси сигурно се увезени.

    Црна Гора на 24 мај се прогласи за земја без коронавирус, но вчера беа потврдени седум нови случаи и сега вкупно ги има девет. Ераковиќ очекува бројот на заразените да расте во наредните денови.

    „Беше за очекување вирусот повторно да се појави, дека новите случаи ќе бидат увезени. Бројот сигурно ќе биде и поголем во наредните денови“, кажа тој.

    Тој додаде дека е јасно дека оваа ситуација е предизвикана од заминувањето на црногорските граѓани на неодамнешното дерби Партизан-Црвена звезда во Белград, на кој имаше околу 20.000 гледачи.

    „Во Италија сѐ почна по натпреварот во Милано и среќа е што вирусот во овој момент има многу помал потенцијал. Надлежните органи треба да испитаат колку граѓани се вратиле во Црна Гора по натпреварот во Белград и дали го направиле тоа регуларно, односно дали потоа биле во изолација или слободно се движеле наоколу“, кажа Ераковиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира