Хашим Тачи објави дека се повлекува од функцијата претседател на Косово откако Специјалното обвинителство во Хаг го потврди обвинението против него. Тој кажа дека доброволно ќе замине во Хаг.
Обвинението против Тачи и бившиот претседател на косовскиот парламент Кадри Весели содржи десет точки и тие се товарат за низа злосторства поврзани со војната во Косово, како убиства, прогон, мачење и присилно исчезнување. Во обвинението е наведено дека Тачи и Весели сносат одговорност за убиство на речиси 100 лица, чиј идентитет е познат.
Вчера е уапсен уште еден бивш претседател на парламентот Јакуп Красниќи, но засега не е познато за што се товари.