КОВИД-19 БИ МОЖЕЛ ДА СТАНЕ КАКО НАСТИНКА ДО ПРОЛЕТ, ВЕЛАТ НАУЧНИЦИТЕ ШТО ЈА СОЗДАДОА ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРД

    КОВИД-19 БИ МОЖЕЛ ДА СТАНЕ КАКО НАСТИНКА ДО ПРОЛЕТ, ВЕЛАТ НАУЧНИЦИТЕ ШТО ЈА СОЗДАДОА ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРДСезонските коронавируси предизвикуваат настинка и сарс-ков-2 ќе стане таков, вели Сара Гилберт (Фото: Гети)

    Ковид-19 би можел да стане како обична настинка до следната пролет, како што имунитетот на луѓето се засилува со вакцините и изложеноста на вирусот, сметаат водечките британски експерти за заразни болести.

    Џон Бел, кој беше дел од тимот кој ја разви ковид вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“, вели дека Велика Британија го поминала најлошото и дека работите ќе се подобрат откако ќе помине зимата.

    „Ако ја гледате траекторијата, сега сме на многу подобар пат отколку пред шест месеци. Притисокот врз здравствените служби во голема мера е намален. Во овој период главно умираат стари лица и не е целосно јасно дали ковид-19 ги предизвикал тие смртни случаи. Изложеноста на делта сојот ќе остане висока. Бројките сега се големи, меѓу нив се многу луѓе кои се вакцинирани со две дози. Ако тоа се главно асимптоматски случаи, тоа значително ќе го подобри нашиот имунитет. Моето предвидување е дека напролет ќе бидеме во добра ситуација“, изјави Бел.

    Тој се надоврза на мислењето на неговата колешка Сара Гилберт дека ковид-19 ќе стане како други сезонски коронавируси кои предизвикуваат настинка.

    „Ние веќе живееме со четири различни човечки коронавируси за кои и не размислуваме и во еден момент, и овој коронавирус ќе стане таков. Прашање е само колку време ќе треба за да стигнеме дотаму и какви мерки ќе мора да преземеме во меѓувреме. Вирусите вообичаено стануваат помалку заразни кога кружат полесно и затоа не е за очекување да имаме позаразна верзија на сарс-ков-2. Сезонските коронавируси предизвикуваат настинка и сарс-ков-2 ќе стане таков“, вели Гилберт, која ја разви вакцината на Оксфорд.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира