КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ Е ЦЕЛОСНО ЕФЕКТИВНА И БЕЗБЕДНА ЗА ДЕЦАТА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ

    КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ Е ЦЕЛОСНО ЕФЕКТИВНА И БЕЗБЕДНА ЗА ДЕЦАТА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИВакцината предизвикала силен имунолошки одговор еден месец по давањето на втората доза (Фото: АП)

    Клиничките тестирања покажаа дека вакцината на „Фајзер/Бионтек“ е 100-процентно ефективна за децата од 12 до 15 години, кои добро ја поднесуваат, објавија двете компании. Тие ќе побараат итно одобрување од американските регулатори за користење на вакцината за оваа возрасна група.

    Во третата фаза од тестирањата учествувале 2.260 деца на возраст од 12 до 15 години, при што вакцината предизвикала силен имунолошки одговор еден месец по давањето на втората доза, што ги надминува резултатите добиени кај возрасната група од 16 до 25 години. Несаканите ефекти кај двете групи биле слични и вклучуваат замор и треска.

    Вилијам Грубнер, вишиот потпретседател на „Фајзер“, изјави дека вакцината за оваа возрасна група ќе биде подготвена до почетокот на следната училишна година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира