КРЕАТОРОТ НА ПАЛЕСТИНСКАТА САМОУПРАВА САЕБ ЕРЕКАТ ПОЧИНА ОД КОВИД-19

    КРЕАТОРОТ НА ПАЛЕСТИНСКАТА САМОУПРАВА САЕБ ЕРЕКАТ ПОЧИНА ОД КОВИД-19Ерекат имаше позитивен тест за коронавирус на 9 октомври и потоа се лекуваше во Ерусалим (Фото: Ројтерс)

    Еден од најугледните палестински политичари и дипломати Саеб Ерекат почина на 65 години од последиците на ковид-19, потврдија од неговата партија Фатах. Тој имаше позитивен тест за коронавирус на 9 октомрви и десет дена подоцна, на барање на палестинските власти, беше префрлен на лекување во Ерусалин, каде што и почина.

    Ерекат беше генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и советник на претседателот на Палестинската Самоуправа, Махмуд Абас.

    Во изминатите три децении, Ерекат беше заштитното лице на палестинската дипломатија и главен преговарач во мировните разговори со Израел. Тој помогна да се постигне историскиот Договор од Осло во 1993 година, со кој беше креирана Палестинската Самоуправа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира