КРЕМЉ ЛАЖЕ ДЕКА ДОГОВОРОТ ЗА ЦРНОТО МОРЕ Е ПОВРЗАН СО УКИНУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    КРЕМЉ ЛАЖЕ ДЕКА ДОГОВОРОТ ЗА ЦРНОТО МОРЕ Е ПОВРЗАН СО УКИНУВАЊЕ НА САНКЦИИТЕ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИСАД вчера објавија дека постигнале одделни договори со Русија и Украина за безбеден проток на бродовите во Црното Море (Фото: Гети)

    Володимир Зеленски кажа дека постигнатото примирје со Русија кое ги опфаќа Црното Море и енергетската инфраструктура веднаш стапи на сила, но истовремено ја обвини Москва дека веќе почна да манипулира и да ги искривува договорите. Тој кажа дека ќе побара од Доналд Трамп да ја снабди Украина со оружје и да ѝ изрече санкции на Русија ако таа ги прекрши договорите.

    САД вчера објавија дека постигнале одделни договори со Русија и Украина за безбеден проток на бродовите во Црното Море и за спроведување на забраната за напаѓање на енергетската инфраструктура во двете земји. Кремљ потоа кажа дека договорот за Црното Море ќе стапи на сила дури откако ќе бидат укинати санкциите за руските банки вклучени во меѓународната трговија со храна и вештачки ѓубрива и тие целосно ќе се поврзат со банкарската Свифт мрежа.

    САД сметаат дека договорите стапуваат на сила со нивното објавување од американската страна. Немам доверба дека Русија ќе ги почитува договорите“, изјави Зеленски, додавајќи дека Русија веќе почна да го мами светот.

    За жал, гледаме како Русите веќе почнаа да манипулираат. Тие веќе се обидуваат да ги искриват договорите и да ги измамат нашите посредници и целиот свет. Кремљ лаже кога вели дека договорот за Црното Море е поврзан со укинувањето на санкциите за Русија“.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека договорот за безбедност на Црното Море има за цел да ја врати Москва на светските пазари на жито и вештачки ѓубрива, што ќе ѝ донесе профит и ќе обезбеди глобална безбедност на храната.

    Сакаме пазарот на жито и вештачки ѓубрива да биде предвидлив за да не се обидува никој да нè одврати од него. Сакаме да направиме легитимен профит во фер конкуренција“, изјави Лавров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира