КРЕМЉ НЕГИРА ДЕКА ВО ДЕКРЕТОТ НА ПУТИН ИМА ТАЈНА КЛАУЗУЛА ДЕКА ЌЕ БИДАТ МОБИЛИЗИРАНИ МИЛИОН ЛУЃЕ

    КРЕМЉ НЕГИРА ДЕКА ВО ДЕКРЕТОТ НА ПУТИН ИМА ТАЈНА КЛАУЗУЛА ДЕКА ЌЕ БИДАТ МОБИЛИЗИРАНИ МИЛИОН ЛУЃЕРегрутиран маж од село во сибирскиот регион Бурјатија се простува од семејството (Фото: Гардијан)

    Кремљ го демантираше пишувањето на независниот весник „Новаја газета Јуроп“, кој откри дека во декретот за делумна мобилизација потпишан од Владимир Путин има необјавена клаузула дека за војната во Украина ќе бидат повикани еден милион резервисти. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, го опиша извештајот како лага.

    Повикувајќи се на неименуван извор од претседателската администрација, весникот објави дека точката 7 од декретот, која не беше содржана во јавната објава од средата, ѝ дозволува на армијата да регрутира до еден милион луѓе.

    Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кажа дека ќе бидат мобилизирани околу 300.000 резервисти и тоа само оние со потребното борбено искуство. Во декретот не се наведени официјални бројки.

    Русија располага со 25 милиони воени резервисти. Сите руски мажи мора да служат војска на возраст меѓу 18 и 27 години.

    Првата мобилизација во Русија од Втората светска војна почна вчера на полноќ и секоја република мора да обезбеди одреден број војници.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира