КРИМ МОРА ДА Ѝ БИДЕ ВРАТЕН НА УКРАИНА, ВЕЛИ ЕРДОГАН

    КРИМ МОРА ДА Ѝ БИДЕ ВРАТЕН НА УКРАИНА, ВЕЛИ ЕРДОГАНЕрдоган се сретна со украинскиот претседател Зеленски минатата недела во Лвов. (Фото: Твитер)

    Турција го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ја отфрла нелегалната анексија на Крим, кажа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

    „Враќањето на Крим на Украина, од која е неразделив дел, е во основа задолжително според меѓународното право“, рече Ердоган во видеообраќање на Самитот на Кримската платформа.

    Кримската платформа е механизам за меѓународна координација за Украина да привлече поголемо глобално внимание за руската анексија на Крим во 2014 година.

    Ердоган додаде дека ќе продолжи да ја поддржува Кримската платформа која што беше воспоставена за да се реши кримското прашање преку мирни методи.

    „Турција не ја признава анексијата на Крим и отворено го кажува тоа уште од првиот ден дека овој чекор е нелегитимен и нелегален. Ова е принципиелен став што нема само легални основи, туку и морални“, кажа турскиот претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира