КУБА ВЕЛИ ДЕКА УСПЕШНО ЛЕКУВА БОЛНИ ОД КОВИД-19 СО ЛЕК РАЗВИЕН ВО ВРЕМЕТО НА КАСТРО

    КУБА ВЕЛИ ДЕКА УСПЕШНО ЛЕКУВА БОЛНИ ОД КОВИД-19 СО ЛЕК РАЗВИЕН ВО ВРЕМЕТО НА КАСТРОКуба вели дека 80 држави пројавиле интерес да го купат нејзиниот интерферон алфа 2б (Фото: Ројтерс)

    Куба се надева дека нејзиниот биотехнолошки сектор почнат од бившиот лидер Фидел Кастро може да ѝ даде предност во глобалната трка за пронаоѓање ефективни третмани за КОВИД-19.

    Таа најголеми надежи полага во еден интерферон што го произведува, неколку децении старо антивирусно средство кое го подобрува имунолошкиот систем. Куба вели дека лекот се покажал успешен во лекувањето пациенти со КОВИД-19 дома и во Кина и дека 80 држави пројавиле интерес да го купат нејзиниот интерферон алфа 2б.

    Интерфероните долго време се користат за лекување на денга треска, рак и хепатит Б и Ц, но истражувањата направени за време на пандемијата на САРС покажале дека тие се корисни и против коронавируси.

    Куба вели дека речиси сите свои пациенти со КОВИД-19 ги лекувала со инјекции интерферон и смета дека нејзината медицина помогнала да се постигне така мала стапка на смртност, 4,1% наспроти 5,9 во остатокот на двата американски континента.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира