КУЧЕ СПАСЕНО ОД УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА 23 ДЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ

    КУЧЕ СПАСЕНО ОД УРНАТИНИТЕ ВО ТУРЦИЈА 23 ДЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТАлекс е во добра општа состојба, иако значитечно изгубил тежина (Фото: Твитер)

    Потрагата и спасувачките напори одамна завршија во зоната на катастрофалниот земјотрес во Турција, но неочекуваното кучешко стенкање што доаѓало од купишта бетонски блокови близу Антакија одново ги мобилизирало оние кои го расчистуваат теренот.

    Алекс, млад хаски, доцна синоќа беше извлечен од урнатините, на огромна радост на спасувачите. Тој поминал цели 23 дена под урнатините и кога беше спасен, изгледаше изнемоштено, уморно и во шок.

    Алекс е во добра општа состојба, иако значитечно изгубил тежина“, изјави Осман Полат, волонтер од Турската федерација за првата на животните, кој помагал во спасувањето.

    Жител на селото каде што Алекс бил пронајден изјави дека спасувачките тимови случајно го слушнале кучето додека барале место за поставување привремено засолниште за преживеаните.

    Хатај, каде што се наоѓа Антакија, е една од најтешко погодените области во земјотресот од 6 февруари, кој однесе над 50.000 животи во Турција и Сирија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира