КУРТИ НАЈАВИ НОВИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО ЗА ДА СЕ СМИРАТ ТЕНЗИИТЕ

    КУРТИ НАЈАВИ НОВИ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО ЗА ДА СЕ СМИРАТ ТЕНЗИИТЕВо нередите во Звечан беа повредени и 30 припадници на КФОР (Фото: Ѓ. Личовски)

    Косовскиот премиер Албин Курти денеска претстави план за намалување на тензиите на северот на земјата, кој вклучува нови локални избори и намалување на присуството на специјалните сили, попуштајќи на притисокот на западните сојузници.

    По нередите во Звечан, во кои беа повредени и 30 припадници на КФОР, САД и ЕУ го повикаа Курти да ги повлече специјалните сили и албанските градоначалници избрани на неодамнешните избори, што Србите ги бојкотираа.

    Насилните српски групи се повлекоа од косовската територија и затоа ќе биде намален бројот на косовските полицајци во општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Владата на Косово ќе се коирдинира со сите актери и ќе објави предвремени избори во четирите општини на северот“, кажа Курти по средбата со амбасадорите на САД, Италија, Франција, Германија и Британија.

    Истовремено, косовската полиција уапси Србин во Косовска Митровица, кој бил идентификуван како организатор на нападите на мировниците на КФОР во неодамнешните нереди во Звечан, една од четирите општини со мнозинско српско население кои требаше да добијат Албанец за градоначалник.

    Апсењето на Милун Миленковиќ беше проследено со протест на околу 200 луѓе, при што тројца полицајци беа полесно повредени“, изјави министерот за внатрешни работи Џелал Свекла.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира