ЛЕ ПЕН НЕГИРА ДЕКА ФРАНЦИЈА ИСПРАЌАЛА ЕВРЕИ ВО НАЦИСТИЧКИ КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИ

    ЛЕ ПЕН НЕГИРА ДЕКА ФРАНЦИЈА ИСПРАЌАЛА ЕВРЕИ ВО НАЦИСТИЧКИ КОНЦЕНТРАЦИОНИ ЛОГОРИЖан-Мари Ле Пен, таткото на Марин Ле Пен неколку пати беше осудуван за антисемитизам и расизам. (Фото: АП)

    Францускиот претседателски кандидат Емануел Макрон вели дека десничарскиот кандидат Марин Ле Пен направила сериозна грешка со тврдењето дека Франција не е одговорна за собирањето на Евреите и нивно испраќање во нацистички концентрациони логори за време на Втората светска војна. Макрон, независен кандидат од центарот, беше еден од многумината кои ја критикуваа изјавата на Ле Пен.

    „Некои заборавиле дека Марин Ле Пен е ќерка на Жан-Мари Ле Пен“, кажа Макрон, кој е лидер во анкетите за изборите на 23 април и 7 мај.
    Таткото на Ле Пен неколку пати беше осудуван за антисемитизам и расизам.

    Ле Пен вчера изјави за радиото РТЛ: „Мислам дека Франција не е одговорна за Вел д’Ив“, алудирајќи на стадионот каде илјадници Евреи беа собрани на 16 и 17 јуни 1952 година, пред да бидат испратени во нацистички концентрациони логори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира