ЛЕКАРИТЕ ВО ЧИКАГО СПАСИЈА ЖЕНА СО ПРВОТО ПРЕСАДУВАЊЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ КАЈ ПАЦИЕНТ СО КОВИД-19 ВО САД

    ЛЕКАРИТЕ ВО ЧИКАГО СПАСИЈА ЖЕНА СО ПРВОТО ПРЕСАДУВАЊЕ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ КАЈ ПАЦИЕНТ СО КОВИД-19 ВО САДАнкит Барат, шефот на хируршкиот оддел во меморијалната болница Нортвестерн во Чикаго, вели дека пациентката немало да преживее без пресадувањето (Фото: Чикаго трибјун)

    Лекарите во Чикаго ја изведоа првата позната трансплантација на белите дробови во САД кај пациент чии бели дробови биле сериозно оштетени од КОВИД-19, спасувајќи жена во 20-ти години од речиси сигурна смрт.

    Тие ја нарекоа операцијата историски чекор во грижата за сериозно болни пациенти од КОВИД-19, кој досега однесе повеќе од 6.000 животи во сојузната држава Илиноис. Најмалку две вакви трансплантации досега биле изведени во Австрија и Кина.

    Ова е значаен развој кој може да помогне на голем број пациенти чии бели дробови имаат претрпено сериозна и непоправлива штета од КОВИД-19. Иако пресадувањето на бели дробови не е ништо ново, оштетувањата што ги прави КОВИД-19 ја прават процедурата многу посложена и подолга. Доколку не беше изведена операцијата, таа немаше да преживее“, изјави Анкит Барат, шефот на хируршкиот оддел во меморијалната болница Нортвестерн во Чикаго.

    Жената била ставена на респиратор штом пристигнала во болницата и останала приклучена повеќе од еден месец, додека лекарите се надевале дека белите дробови ќе заздрават. Во почетокот на месецот се појавиле големи оштетувања на белите дробови.

    КОВИД-19 е болест каква што досега не сме виделе. Во еден момент пациентот зборува со вас и изгледа добро, а во следен, нивото на кислород почнува нагло да му паѓа и наеднаш има потреба од респиратор“, додаде Барат.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира