ЛИДЕРОТ НА БАСКИСКА ЕТА УАПСЕН ПО 17 ГОДИНИ ВО БЕГСТВО

    ЛИДЕРОТ НА БАСКИСКА ЕТА УАПСЕН ПО 17 ГОДИНИ ВО БЕГСТВОХосу Тернера е обвинет за неколку убиства што ги извршила ЕТА (Фото: Гети)

    Политичкиот лидер на баскиската сепаратистичка група ЕТА е уапсен во француските Алпи по 17 години во бегство. Хосу Тернера бил уапсен во заедничка француско-шпанска полициска операција во градот Саланчес.

    Тој е обвинет за неколку убиства што ги извршила ЕТА, која 40 години водеше крвава кампања за независност на Баскија, пред да се расформира минатата година. Оваа група е одговорна за повеќе од 800 убиства, а прекин на огнот потпиша во 2011 година.

    Тернера бил уапсен откако шпанската полиција добила дојава дека тој е тешко болен и се лекува во една болница. Меѓу другото, Тернера се товари за нападот со автомобил-бомба во Сарагоса во декември 1987 година, кога загинаа 11 луѓе, од кои пет деца.

    ЕТА ја почна својата кампања во 1968 година и во Европска Унија важи за терористичка организација. Налог за апсење на Тернера беше распишан во 2002 година и оттогаш беше на листата на најбарани бегалци на Интерпол.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари