ЛИДЕРОТ НА БЕЛОРУСКАТА ОПОЗИЦИЈА СЕРГЕЈ ТИХАНОВСКИ ДОБИ 18 ГОДИНИ ЗАТВОР

    ЛИДЕРОТ НА БЕЛОРУСКАТА ОПОЗИЦИЈА СЕРГЕЈ ТИХАНОВСКИ ДОБИ 18 ГОДИНИ ЗАТВОРТихановски беше уапсен пред минатогодишните избори во Белорусија (Фото: Гети)

    Лидерот на белоруската опозиција Сергеј Тихановски, кој предводеше масовни протести против претседателот Лукашенко, е осуден на 18 години затвор. Тој планираше да го предизвика Лукашенко на ланските избори, но претходно беше приведен, по што кандидат на опозицијата беше неговата сопруга Светлана Тихановскаја.

    Таа прогласи победа на изборите во август 2020, но поради грижите за својата безбедност, следниот ден избега во странство со децата.

    „Ќе продолжам да го бранам човекот што го сакам и кој стана лидер на милиони Белоруси“, изјави Тихановскаја.

    Покрај Тихановски, на затворски казни од 14 до 16 години се осудени уште петмина опозиционери, објавија државните медиуми. Тие, меѓу другото, беа обвинети за организирање нереди.

    Масовните протести што избија по ланските избори беа најголемиот предизвик за Лукашенко во неговото речиси тридецениско владеење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира