ЛИДЕРОТ НА КАТАЛОНИЈА ВО ТЕШКА ПОЗИЦИЈА ПРЕД ДЕНОТ НА ОДЛУКАТА, МУ СЕ ЗАКАНУВААТ И МАДРИД И СОЈУЗНИЦИТЕ

    ЛИДЕРОТ НА КАТАЛОНИЈА ВО ТЕШКА ПОЗИЦИЈА ПРЕД ДЕНОТ НА ОДЛУКАТА, МУ СЕ ЗАКАНУВААТ И МАДРИД И СОЈУЗНИЦИТЕНикој не знае каков одговор ќе му даде на Мадрид. - Карлес Пуигдемонт (Фото: Ројтерс)

    Лидерот на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, се наоѓа пред денот на одлуката, кој би можел да ја насочи иднината на движењето за независност на регионот.

    Пуигдемонт денеска треба да ја извести шпанската влада дали Каталонија прогласила независност или не кога минатата недела се обрати во парламентот во Барселона, но каков и да биде неговиот одговор, тој се наоѓа во незавидна позиција.

    Во вторникот, Пуигдемонт изјави дека го прифаќа мандатот Каталонија да биде независна држава, но побара одложување на ефективноста на декларацијата, надевајќи се дека Мадрид ќе прифати да преговара.

    Доколку одговорот на Пуигдемонт биде „да“, премиерот Маријано Рахој му порача до утре да се откаже од декларацијата или ќе му ја одземе политичката автономија на регионот и ќе распише нови локални избори, што му го дозволува членот 155 од уставот.

    Со истото сценарио Пуигдемонт се соочува и доколку му даде негативен одговор на Мадрид, бидејќи тоа би можело да ги налути неговите тврдокорни сецесионистички сојузницитеДен. Левичарската партија ЦУП веќе соопшти дека ќе ја урне каталонската влада, ако се откаже од идејата за независност.

    Пуигдемонт вчера не навести каков ќе биде неговиот одговор.

    „Во пресрет на одлуките што мора да ги донесеме, сакам да повторам дека мојата влада е за мир и демократија“, изјави Пуигдемонт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира