ЛИДЕРОТ НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ВО ИТАЛИЈА ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

    ЛИДЕРОТ НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ВО ИТАЛИЈА ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСБројот на починати од коронавирус во Италија се искачи на 197, а бројот на заразени порасна за 78 на 4,636. - Никола Ѕингарети (Фото: Блуумберг)

    Лидерот на владејачката Демократска партија во Италија соопшти бил позитивен на тестот за коронавирус.

    „Добро сум и ќе останам дома во наредните неколку денови“, напиша на Фејсбук 54-годишниот Никола Ѕингарети, чија партија е втора по големина во владејачката коалиција.

    Во меѓувреме, италијанската влада размислува да ја прошири зоната на карантин во северниот регион Ломбардија. Во четвртокот, италијанските власти одлучија да одвојат 7,5 милијарди евра за справување со последиците од епидемијата на коронавирус. Исто така, властите повикаа 20,000 доктори, медицински сестри и друг медицински персонал да помогнат во справување со епидемијата.

    Бројот на починати од коронавирус во Италија се искачи на 197, а бројот на заразени порасна за 78 на 4,636. Повеќе има само во Кина, Јужна Кореја и Иран.

    Италија неделава ги затвори училиштата и универзитетите до 15 март, по сличните мерки воведени во Хонг Конг и Јапонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира