ЛИКОТ НА ТРАМП ЌЕ БИДЕ НА НОВИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ АМЕРИКАНСКИ ПАСОШИ

    ЛИКОТ НА ТРАМП ЌЕ БИДЕ НА НОВИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ АМЕРИКАНСКИ ПАСОШИПасошите ќе бидат во ограничен број, но ќе бидат достапни за секој американски граѓанин (Фото: АП)

    САД ќе издадат ограничен број пасоши што ќе го содржат ликот на Доналд Трамп, потврди Белата куќа. Тие ќе бидат издадени во рамките на одбележувањето на 250-годишнината од американската Декларација за независност во јули.

    Новите дизајни ќе бидат достапни за секој американски граѓанин кој ќе аплицира за пасош кога ќе започне нивното издавање и така ќе продолжи сè додека има слободни пасоши. Тие ќе бидат достапни само во Агенцијата за пасоши во Вашингтон“, изјави еден американски функционер.

    Сегашните американски пасоши прикажуваат сцени од историјата на земјата, како што е слетувањето на Месечината, заедно со американски симболи, како Статуата на слободата.

    Новиот патриотски дизајн на пасошот со претседателот Трамп им нуди на Американците уште еден одличен начин да се приклучат на спектакуларните прослави на 250. роденден на Америка“, изјави портпарол на Белата куќа.

    Покрај ова, ќе биде издадена и комеморативна златна монета со ликот на Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира