ЛОНДОН ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ДЕКА ГО ОТРУЛА РУСКИОТ ШПИОН СО НЕРВЕН ГАС, МОСКВА ДОБИ РОК ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДО ПОЛНОЌ

    ЛОНДОН ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ДЕКА ГО ОТРУЛА РУСКИОТ ШПИОН СО НЕРВЕН ГАС, МОСКВА ДОБИ РОК ДА СЕ ИЗЈАСНИ ДО ПОЛНОЌСергеј и Јулија Скрипал остануваат во критична, но стабилна состојба, откако на 4 март беа пронајдени во бессознание на клупа во центарот на Салисбури

    Поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка се отруени со воен нервен гас, развиен во Русија, изјави британската премиерка Тереза Меј, додавајќи дека постојат големи шанси Русија да стои зад нападот во Салисбури.

    Министерството за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во Велика Британија да даде објаснување.

    Во исто време, Русија соопшти дека нема да соработува со британската истрага сѐ додека не добие примерок од супстанцата, што била употребена во нападот, што ја шокираше британската јавност.

    „Доколку до крајот на денот не добиеме веродостоен одговор, Велика Британија ќе може да заклучи дека имало незаконска употреба на сила од страна на Москва. Хемиската супстанца употребена во нападот е идентификувана како руски нервен гас познат под името ‘новичок‘. Ова или е директна акција на руската држава против нашата земја или руската влада изгубила контрола врз потенцијално катастрофален нервен гас, дозволувајќи тој да заврши во нечии раце“, кажа Меј во британскиот парламент.

    Според неа, Велика Британија треба да биде подготвена да преземе уште подрастични мерки и тие ќе бидат реализирани уште од утре, доколку Русија не испрати адекватно објаснување до полноќ.

    Пензионираниот воен разузнувач Скрипал (66) и неговата 36-годишна ќерка Јулија остануваат во критична, но стабилна состојба, откако на 4 март беа пронајдени во бессознание на клупа во центарот на Салисбури.

    Скрипал беше осуден од руската влада дека во 2004 година му предал воен тајни на МИ6, но доби прибежиште во Британија во 2010 година по размена на шпиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира