Велика Британија ќе протера 23 руски дипломати, откако Москва не го испочитува крајниот рок да објасни како руски нервен гас бил употребен за да се отрујат поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка.
Премиерката Тереза Меј вели дека овие дипломати се идентификувани како непријавени разузнувачки агенти и добија рок од една недела да ја напуштат земјата.
Таа, исто така, ја одби поканата од рускиот министер за надворешни работи и кажа дека членови на кралското семејство нема да присуствуваат на годинашното Светско фудбалско првенство во Русија.
Русија демантираше дека е вмешана во обидот за убиство на Скрипал, кој своевремено бил затворен за оддавање руски воени тајни на британската служба МИ6, за потоа да добие прибежиште на островот.
Скрипал и неговата 36-годишна ќерка Јулија остануваат во критична, но стабилна состојба, откако беа пронајдени во бессознание на клупа во центарот на Салисбури.
Велика Британија, исто така, ги замрзна сите планирани билатерални средби со Русија на високо ниво.