„ЛУФТХАНЗА“ ОТКАЖА ГОЛЕМ БРОЈ ЛЕТОВИ ПОРАДИ КОМПЈУТЕРСКИ ПРОБЛЕМ

    „ЛУФТХАНЗА“ ОТКАЖА ГОЛЕМ БРОЈ ЛЕТОВИ ПОРАДИ КОМПЈУТЕРСКИ ПРОБЛЕМАвион на „Луфтханза“ снимен на аеродромот во Франкфурт (Фото: СДК.МК)

    „Луфтханза“ денеска доживеа сериозен дефект во компјутерскиот систем, што ја принуди да одложи или откаже сè уште непознат број летови, изјави портпаролот на германската авиокомпанија.

    Погодени беа системите за пријавување и влегување во авион, што предизвика масовно собирање на авиони и патници на аеродромот во Франкфурт, најголемиот во Германија.

    „Компанијата интензивно работи на решавање на проблемот“, кажа портпаролот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира