ЛУКАШЕНКО ДОБИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ОД ПУТИН И КАЖА ДЕКА НЕМА ДА СЕ ДВОУМИ ДА ГО УПОТРЕБИ АКО ИМА ПОТРЕБА

    ЛУКАШЕНКО ДОБИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ ОД ПУТИН И КАЖА ДЕКА НЕМА ДА СЕ ДВОУМИ ДА ГО УПОТРЕБИ АКО ИМА ПОТРЕБАПутин во март објави дека постигнал договор за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија (Фото: АП)

    Александар Лукашенко објави дека Белорусија почнала да добива руски тактички нуклеарни оружја, додавајќи дека некои од нив се трипати помоќни од атомските бомби фрлени на Хирошима и Нагасаки во 1945. Ова е првпат од распадот на Советскиот Сојуз Русија да распоредува вакви боеви глави надвор земјата.

    Станува збор за помалку моќно нуклеарно оружје со пократок дострел кое може да се користи на бојно поле за уништување непријателски трупи и оружје.

    „Добивме бомби и проектили од Русија. Бомбите се трипати помоќни од оние кои биле фрлени на Хирошима и Нагасаки“, изјави Лукашенко.

    Путин во март објави дека постигнал договор за распоредување тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, посочувајќи дека САД со децении имаат вакво оружје низ Европа.

    Лукашенко кажа дека Белорусија има бројни складишта за нуклеарно оружје останати од советската ера и дека обновила пет-шест од нив.

    „Не дај Боже да морам да донесам таква одлука, но Белорусија нема да се двоуми да употреби тактичко нуклеарно оружје ако се соочи со агресија. Верувам дека никој не би сакал да војува против земја која има вакво оружје. Тоа е оружје на одвраќање“, кажа белорускиот лидер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира