МАДРИД ЈА ПРЕЗЕДЕ ВЛАСТА ВО КАТАЛОНИЈА

    МАДРИД ЈА ПРЕЗЕДЕ ВЛАСТА ВО КАТАЛОНИЈАСо регионот до изборите на 21 декември ќе управува вицепремиерот на Шпанија, Сораја Саенс де Сантамариј (Фото: Ројтерс)

    Мадрид ѝ ја одзеде политичката автономија на Каталонија и ја презеде контролата врз нејзината влада.

    Мерките и официјално стапија на сила денеска наутро, ден откако каталонскиот парламент прогласи отцепување на регионот од Шпанија, на што шпанскиот Сенат реагираше со активирање на членот 155 од уставот.

    Од своите функции се разрешени претседателот на Каталонија, Карлес Пуигдемонт, неговиот заменик Ориол Хункерас и сите останати членови на кабинетот, па со регионот до изборите на 21 декември ќе управува вицепремиерот на Шпанија, Сораја Саенс де Сантамарија.

    Мадрид, исто така, го смени Хосеп Љуис Траперо Алварес, началникот на автономната полиција на Каталонија, Мосос. Тој веќе беше под истрага, откако одби да ѝ помогне на шпанската цивилна гарда во спречувањето на референдумот на 1 октомври. Уште двајца генерали на Мосос се сменети од своите позиции.

    „Господинот Пуигдемонт имаше можност да ја поврати законитоста и да свика избори. Тоа е она што го бараше мнозинството Каталонци, но не го направи тоа. Затоа шпанската влада ги презеде овие неопходни мерки“, изјави премиерот Маријано Рахој.

    Против Пуигдемонт ќе биде покренато обвинение за побуна, објави јавното обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира