МАДРИД ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА УКИНЕ ПОЛИТИЧКАТА АВТОНОМИЈА НА КАТАЛОНИЈА

    МАДРИД ОБЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА УКИНЕ ПОЛИТИЧКАТА АВТОНОМИЈА НА КАТАЛОНИЈАШпанската влада е решена да го активира членот 155 од уставот, доколку добие поддршка од Сенатот и да воведе своја власт во Каталонија (Фото: Ројтерс)

    Шпанската влада објави дека в сабота ќе го покрене процесот за укинување на политичката автономија на Каталонија и ќе воведе своја власт во регионот, откако претседателот Карлес Пуигдемонт одби да се откаже од декларацијата за независност, што ја доведе државата до најголемата криза во последните четири децении.

    Место да го испочитува ултиматумот на Мадрид, во писмото што го испрати до шпанскиот премиер Маријано Рахој, Пуигдемонт уште еднаш истакна дека дијалогот е единствениот начин за излез од кризата. Тој го обвини Мадрид за насилен обид за задушување на движењето на независност, откако двајца негови лидери беа уапсени пред неколку дена.

    „Укинувањето на декларацијата за независност е сѐ уште можност. Шпанската влада е решена да го активира членот 155 од уставот, доколку добие поддршка од Сенатот. И покрај нашата желба да има дијалог, фактот дека единствениот одговор што го добивме е дека нашата автономија ќе биде укината, кажува дека вие не го разбирате проблемот. Ако шпанската влада продолжи со репресијата, ние ќе немаме друг избор, освен и официјално да прогласиме независност на Каталонија“, стои во писмото на Пуигдемонт до Рахој.

    Во одговорот до Пуигдемонт, Мадрид нагласи дека тој уште еднаш не се изјаснил дали Каталонија прогласила независност или не.

    „На вонредниот состанок в сабота, владата ќе одобри мерки, со кои од Сенатот ќе се побара да ги заштити генералните интереси на Шпанците, вклучувајќи ги и граѓаните на Каталонија, со цел да се поврати уставниот поредок во регионот“, соопшти владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира