МАДУРО ПРЕЗЕМА ЦЕЛОСНА ВЛАСТ ВО ВЕНЕЦУЕЛА ПО ИЗБОРИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНОТО СОБРАНИЕ БОЈКОТИРАНИ ОД ОПОЗИЦИЈАТА

    МАДУРО ПРЕЗЕМА ЦЕЛОСНА ВЛАСТ ВО ВЕНЕЦУЕЛА ПО ИЗБОРИТЕ ЗА НАЦИОНАЛНОТО СОБРАНИЕ БОЈКОТИРАНИ ОД ОПОЗИЦИЈАТАСамо 31% од 20-те милиони регистрирани гласачи излегле на изборите (Фото: Гети)

    Политичката алијанса на претседателот Николас Мадуро прогласи убедлива победа на изборите за Националното собрание во Венецуела, што беа бојкотирани од најголемиот дел од опозицијата и критикувани од меѓународната заедница како измамнички. Мадуро на тој начин презема контрола врз последниот дел од власта што досега не беше во негови раце.

    „Го повративме Националното собрание со мнозинството гласови од народот на Венецуела. Ова без сомнение е голема победа за демократијата“, изјави Мадуро во телевизиско обраќање.

    Обединетата социјалистичка партија на Мадуро освои 67% места во Националното собрание, но само 31% од 20-те милиони гласачи излегоа на изборите, објави претседателката на националната изборна комисија Индира Алфонсо.

    Националното собрание досега го водеше Хуан Гуаидо, кој по двегодишна борба не успеа да го тргне Мадуро од власта, иако САД и уште десетици други земји го признаа за легитимен претседател на Венецуела. Токму Гуаидо сега го предводеше бојкотот на изборите, кој произлезе од одлуката на уставниот суд за назначување нова изборна комисија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира