МАЈКАТА НА ГРЧКА ПОЛИТИЧАРКА ЗАГИНА ВО ЕКСПЛОЗИЈА И ПОЖАР ВО СОЛУН, ВЛАСТИТЕ ОБВИНИЈА АНАРХИСТИЧКА ГРУПА ЗА НАПАДОТ

    МАЈКАТА НА ГРЧКА ПОЛИТИЧАРКА ЗАГИНА ВО ЕКСПЛОЗИЈА И ПОЖАР ВО СОЛУН, ВЛАСТИТЕ ОБВИНИЈА АНАРХИСТИЧКА ГРУПА ЗА НАПАДОТПолицијата соопшти дека експлозијата и пожарот биле предизвикани од импровизирани запаливи направи, кои биле поставени пред зградата (Фото: ИнТајм њуз)

    Мајката на грчката политичарка Афродити Нестора од владејачката партија Нова демократија почина откако беше повредена во експлозија во Солун. Властите велат дека ова е последниот во серијата напади врз функционерите на партијата, за кој обвинија мала анархистичка група.

    Вагија Нестора (72) се здобила со обемни изгореници, по што ѝ откажале повеќе органи, според болницата каде што беше однесена. Таа беше повредена во експлозија и пожар во станбената зграда каде што живее нејзината ќерка Афродити Нестора. Во истиот напад се повредени и самата Нестора, татко ѝ и уште двајца жители на зградата.

    Полицијата соопшти дека експлозијата и пожарот биле предизвикани од импровизирани запаливи направи, кои биле поставени пред зградата. Експлозијата уништила два автомобила, оштетила неколку мотоцикли и предизвикала голема штета на зградата.

    Три одделни напади со молотови коктели и други импровизирани направи се случија вчера наутро во рок од 17 минути во Солун. Истрагата се фокусира на една одредена група од околу 30 анархисти, кои претходно живееле во празна зграда и во простории на Универзитетот „Аристотел“, пред да бидат избркани од двете места.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира