МАКЕДОНЕЦ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА ВО ИТАЛИЈА, ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕЛА НА ГРОБОТ НА НИВНИОТ СИН

    МАКЕДОНЕЦ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА ВО ИТАЛИЈА, ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕЛА НА ГРОБОТ НА НИВНИОТ СИНЗградата каде што е убиена 56-годишната Милена Витанова. (Фото: ТГР Емилија-Романа)

    Педесет и шестгодишната Милена Витанова е убиена во италијанскиот град Пјаченца, а убиството го признал нејзиниот сопруг, 59-годишниот Хако. Трагедијата се случила во семејниот стан на шестиот кат во зграда на периферијата на градот, каде што Хако ја нападнал сопругата со нож.

    По извршеното дело, тој самиот се јавил во полиција и признал дека ја убил сопругата, по што ја заклучил вратата од станот и побегнал. Италијанските карабинери по неколкучасовна потрага го пронашле на влезот на гробиштата каде што се наоѓа гробот на нивниот најстар син. Хако бил пренесен во болница поради повреда на раката, а по прегледот е спроведен во затвор.

    Истрагата досега не открива конкретен мотив за убиството. Хако работел во секторот за логистика и немал претходно криминално досие, ниту пак во семејството биле евидентирани пријави за насилство или претходни расправии. Двојката била активна во македонската православна заедница во Италија.

    Семејството имало четири деца, но нивната стабилност била сериозно нарушена по 2020 година, кога нивниот најстар син загина на 25-годишна возраст во тешка сообраќајна несреќа. Тој го загуби животот откако со автомобилот удри во дрво, по што возилото се запалило. Токму на местото каде што почива неговиот син, полицијата го нашла и го уапсила таткото по извршеното убиство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира