Франција ќе испрати војници и одбранбени системи во Саудиска Арабија за да помогне во заштитата на пристанишниот град Јанбу на Црвеното Море, кој е од клучно значење за транспортот на енергенси, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
„Ќе испратиме воени ресурси – војници, радарски системи и одбранбени системi, за да ја заштитиме оваа локација. Не за да се вклучиме во какви било конфликти, туку за да ја заштитиме оваа локација“, изјави Макрон.
Во Јанбу се наоѓаат големи капацитети за складирање и рафинирање нафта и стратешки важниот гасовод „Исток-Запад“. Гасоводот долг повеќе од 1.200 километри привремено беше затворен овој месец по нападите врз него. Тој доби уште поголемо значење по почетокот на војната против Иран, зашто Саудиска Арабија го користи за транспорт на нафтата, која инаку би се извезувала со танкери низ Ормускиот Теснец.
Хутите ги засилија нападите врз Саудиска Арабија по повторната ескалација на војната во Јемен.



