МАКРОН ПОВИКА НА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО И НАЈАВИ МОЖНА ЗАБРАНА НА ДЕМОНСТРАЦИИ ПО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА

    МАКРОН ПОВИКА НА НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО И НАЈАВИ МОЖНА ЗАБРАНА НА ДЕМОНСТРАЦИИ ПО НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈАВо многу градови имаше грабежи, подметнување пожари и оштетување имот (Фото: ДПА)

    Претседателот Емануел Макрон изјави дека демонстрациите би можеле да бидат забранети, доколку е потребно, по сериозните немири во Франција викендов.

    Повеќе од половина милион, главно мирни демонстранти протестираа против растечките трошоци за живот и намалениот квалитет на јавните услуги, вклучително и државно образование. Но, протестите станаа насилни откако се појавија групи маскирани активисти и вандали, облечени во црно.

    Властите кажаа дека се ограбени и уништени околу 1.500 продавници и деловни објекти. Полицијата за разбивање немири употреби солзавец, палки и водени топови против толпата. Француското министерство за внатрешни работи соопшти дека во саботата биле повредени околу 1.000 полицајци, од кои седуммина сериозно. а околу 2.400 луѓе биле уапсени.

    „Со оглед на моменталната ситуација, префектите ќе носат одлуки во координација со градоначалниците за да ги заштитат градовите, јавните објекти и продавниците, а таму каде што е потребно, ќе се забранат одредени собири и ќе се преземат сите неопходни мерки“, изјави Макрон во синоќешното телевизиско обраќање, при што јаа одби оставката на министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез.

    Тој повика на национално единство и се обиде да ја увери француската јавност дека насилниците ќе бидат казнети. Сепак, говорот на Макрон беше остро критикуван на социјалните мрежи и од политичките противници поради недостигот на конкретни детали.

    Студентските протести, кои започнаа минатиот месец, значително ескалираа во саботата, откако им се приклучија синдикати и разни антивладини групи. Во многу градови имаше грабежи, подметнување пожари и оштетување имот, при што маскирани насилници нападнаа градски собранија, полициски станици и други државни објекти.

    Најдраматичните снимки дојдоа од Лимож, каде што беше запалена историската зграда на градското собрание, при што се урнаа саат-кулата и покривот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира