МАКРОН ПРОГЛАСИ ЕДНОМЕСЕЧЕН НАЦИОНАЛЕН КАРАНТИН ВО ФРАНЦИЈА

    МАКРОН ПРОГЛАСИ ЕДНОМЕСЕЧЕН НАЦИОНАЛЕН КАРАНТИН ВО ФРАНЦИЈАМакрон предупреди дека вториот бран на коронавирус ќе биде потежок и пофатален од првиот (Фото: Ројтерс)

    Претседателот Емануел Макрон прогласи нов национален карантин во Франција, со цел ширењето на коронавирусот да се стави под контрола. Оваа мерка ќе стапи на сила в петок и ќе трае до 1 декември. Ситуацијата ќе се анализира на секои 15 дена и карантинот ќе биде олеснет дури кога дневната бројка на нови случаи на коронавирус ќе падне на околу 5.000.

    „На Франција ѝ треба брутално запирање на епидемијата. До средина на ноември, сите кревети на интензивна нега би можеле да бидат исполнети со пациенти со ковид-19. Досегашните мерки се покажаа недоволни, преплавени сме со вториот бран, кој ќе биде потежок и пофатален од првиот“, кажа Макрон во вечерашното телевизиско обраќање до нацијата.

    Се затвораат сите несуштински бизниси, како ресторани и барови, но за разлика од пролетниот осумнеделен карантин, повеќето училишта ќе останат отворени, додека универзитетите се префрлуваат на онлајн настава.

    „Франција мора да ја заштити својата економија, но стратегијата на имунитет на стадо може да доведе до 400.000 мртви повеќе“, кажа Макрон.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира