МАКРОН ВЕТИ ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ПРЕСРЕТ НА НОВ БЕЗБЕДНОСЕН САМИТ ВО ПАРИЗ

    МАКРОН ВЕТИ ВОЕНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА ОД ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ПРЕСРЕТ НА НОВ БЕЗБЕДНОСЕН САМИТ ВО ПАРИЗМакрон ќе собере околу 30 лидери кои ќе разговараат со Зеленски како да се зајакне воената поддршка (Фото: АФП)

    Емануел Макрон вети нова воена помош за Украина од две милијарди евра. На средбата со Володимир Зеленски во Елисејската палата, Макрон кажа дека Украина ќе добие противтенковски проектили, ракети „МИЦА“ и „мистрал“, возила, дронови, набљудувачки сателити и муниција.

    Запрашан од каде Франција ќе најде пари за ова, Макрон одговори дека ќе испратат воена опрема од сопствените резерви и нов материјал што го произведуваат француските воени компании. Помошта вклучува и дронови што заеднички ги развиваат француски и украински компании.

    Макрон ја објави помошта за Украина во пресрет на нов самит на нејзините сојузници, што ќе се одржи денеска во Париз. Тој ќе собере околу 30 лидери кои ќе разговараат со Зеленски како да се зајакне воената поддршка и каква улога би можела да има Европа ако се склучи мировен договор со Русија.

    На третиот самит на таканаречената коалиција на волните и способните ќе присуствуваат и шефот на НАТО, Марк Руте и турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз.

    Во пресрет на самитот се најавува дека европските лидери се откажуваат од идејата за испраќање мировни трупи во Украина и разгледуваат алтернативи за безбедносни гаранции, бидејќи се соочуваат со политички и логистички ограничувања и изгледите дека Русија и САД ќе се спротивстават на нивните првични планови, изјавија официјални лица за „Ројтерс“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира