МАЛ АВИОН УДРИ ВО НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА ВО ПЕКИНГ, ЗАГИНА ПИЛОТОТ

    МАЛ АВИОН УДРИ ВО НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА ВО ПЕКИНГ, ЗАГИНА ПИЛОТОТНа надворешноста на облакодерот немаше голема штета и се скршени само два стаклени панела (Фото: АП)

    Мал авион удри во највисоката зграда во Пекинг, при што загина пилотот, а 13 лица се повредени. Ова е невообичаена несреќа за кинеската престолнина, каде што воздушниот простор е строго ограничен.

    Едномоторен лесен спортски авион со две седишта се судри со висококатница. Во авионот имало само едно лице, пилотот, кој загинал“, соопшти локалната самоуправа, без да се наведат детали за можната причина за несреќата.

    На надворешноста на облакодерот немаше голема штета и се скршени само два стаклени панела.

    Зградата висока 528 метри се наоѓа во Централниот деловен округ во Пекинг, на околу 6 километри од Забранетиот град, кој го посетуваат илјадници туристи секој ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира