МАЛКУМИНА ЛИДЕРИ ДОБИЛЕ ВАКОВ ИЗЛИВ НА ЉУБОВ, КАЖАА НА МИСАТА ЗА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА

    МАЛКУМИНА ЛИДЕРИ ДОБИЛЕ ВАКОВ ИЗЛИВ НА ЉУБОВ, КАЖАА НА МИСАТА ЗА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРАКралот Чарлс Трети и сопругата Камила пред ковчегот на кралицата во Вестминстерската катедрала (Фото: АП)

    Доживотната посветеност кон службата на кралицата Елизабета Втора беше славена на погребната миса во нејзина чест во Вестминстерската катедрала, на која присуствуваа 2.000 луѓе, меѓу кои и околу 500 монарси, претседатели и премиери од цел свет.

    Одејќи зад ковчегот со телото на мајка му, кралот Чарлс Трети ја предводеше 16-минутната поворка од Вестминстерската хала до катедралата, една од трите денеска. Таму се обратија премиерката Лиз Трас и надбискупот од Кантербери, Џастин Велби.

    Џо Бајден и првата дама на САД, Џил Бајден (Фото: АП)

    „Тагата од овој ден, што ја чувствува не само семејството на покојната кралица, туку и насекаде низ нацијата, Комонвелтот и светот, произлегува од нејзините богат живот и сакана служба, кои сега веќе ги нема. За 21. роденден, таа славно објави дека ќе го посвети животот на служењето на нацијата и Комонвелтот. Како ретко кога, тоа ветување беше така добро исполнето. Малкумина лидери добиле излив на љубов каков што гледаме денеска“, кажа Велби.

    Емануел Макрон со сопругата (Фото. Гети)

    Меѓу светските лидери кои присуствуваа на мисата беа и Џо Бајден, Џастин Трудо, Емануел Макрон и Жаир Болсонаро, потоа шестмина поранешни британски премиери и бројни монарси, како јапонскиот цар Нарухито и кралевите на Белгија, Холандија, Норвешка, Шведска и Шпанија. Во катедралата беа и 18-мина членови на кралското семејство, вклучувајќи ги и правнуците на Елизабета, Џорџ и Шарлот.

    Кејт и Меган со принцот Џорџ и принцезата Шарлот (Фото: АП)

    Последното почивалиште на кралицата ќе биде во капелата „Сент Џорџ“ во замокот Виндзор, каде што ќе биде погребана попладнево.

    Безбедносната операција која го следи погребот е опишана како најголема во британската историја и вклучува над 10.000 полицајци.

    На мисата присуствуваа и бројни монарси (Фото: ПА)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира