МАНДАТАРОТ ВУЧЕВИЌ ГО ОБЈАВИ СОСТАВОТ НА НОВАТА СРПСКА ВЛАДА, ВЛЕЗЕ И ВУЛИН КОЈ Е ПОД АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИ

    МАНДАТАРОТ ВУЧЕВИЌ ГО ОБЈАВИ СОСТАВОТ НА НОВАТА СРПСКА ВЛАДА, ВЛЕЗЕ И ВУЛИН КОЈ Е ПОД АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИСАД воведоа санкции против Вулин во јули, обвинувајќи го за вмешаност во шверц на оружје (Фото: АП)

    Новата српска влада ќе го вклучи и поранешниот шеф на разузнавањето Александар Вулин, кој одржуваше блиски врски со Русија и се најде под американските санкции.

    Мандатарот Милош Вучевиќ, кој е претседател на Српската напредна партија, денеска ги објави предлозите за идните членови на владата и во неа се најде место и за Вулин, кој ќе биде еден од потпретседателите. Владата ќе брои 31 член и се очекува да биде изгласана во следните денови.

    Србија веќе номинално не е на европскиот пат. Номинацијата на Вулин најавува меѓународна изолација на Србија, конфликти во регионот, врски со Русија и воведување забрани за граѓански слободи во нашата земја“, реагираше опозициското Движење на слободни граѓани.

    САД воведоа санкции против Вулин во јули минатата година, обвинувајќи го за вмешаност во шверц на оружје и за злоупотреба на јавна функција. Вулин потоа поднесе оставка на својата функција, а неодамна прими две одликувања од Русија.

    Идниот премиер Вучевиќ досега беше министер за одбрана, што сега ќе биде Братислав Гашиќ. Ивица Дачиќ останува на функцијата министер за надворешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира