МАСК УПАТИ ФАШИСТИЧКИ ПОЗДРАВ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП

    МАСК УПАТИ ФАШИСТИЧКИ ПОЗДРАВ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМПМаск вложи 200 милиони долари во кампањата на Трамп (Фото: Гети)

    Илон Маск предизвика контроверзии на вчерашната инаугурација на Доналд Трамп откако двапати го направи фашистичкиот поздрав со крената десна рака.

    „Сакам само да ви се заблагодарам што го остваривте ова“, кажа најбогатиот човек на светот и голем донатор на Трамп.

    Маск потоа удри со десната рака во градите и ја испружи дијагонално. Тоа ја возбуди масата, па Маск се сврте и го повтори поздравот.

    „Моето срце е со вас. Благодарение на вас е обезбедена иднината на цивилизацијата. Благодарение на вас ќе имаме безбедни градови, безбедни граници, разумно трошење. Основни работи. И ќе одиме на Марс“, рече Маск, кој вложи 200 милиони долари во кампањата на Трамп.

    Тој ќе го води новоформираниот Оддел за владина ефикасност, кој ќе биде независно тело.

    „Овдека историчарка на фашизмот. Тоа беше нацистички поздрав и многу воинствен“, изјави Рут Бен-Гијат, професорка по историја на Њујоршкиот универзитет.

    Лигата против клеветата (АДЛ), која води кампања против антисемитизмот, го дефинира нацистичкиот поздрав како „кревање на испружена десна рака со дланката надолу“.

    Сепак, израелскиот весник „Хаарец“, го опиша Маск како поздравува со „римски поздрав, фашистички поздрав кој најчесто се поврзува со нацистичка Германија“.

    АДЛ, пак, вели дека во Германија помеѓу 1933 и 1945 година, нацистичкиот поздрав „често бил проследен со скандирање или извикување „Хајл Хитлер“ или „Зиг хајл“. По Втората светска војна, неонацистите и другите бели расисти продолжуваат да користат поздравот, што го прави најчестиот знак на бел расист во светот“.

    Во соопштението објавено на социјалните мрежи подоцна вчера, АДЛ рече: „Ова е деликатен момент. Ова е нов ден, а сепак многумина се на работ. Нашата политика е разгорена, а социјалните мрежи само ја зголемуваат вознемиреноста.Се чини дека Илон Маск направи незгоден гест во момент на ентузијазам, а не нацистички поздрав, но повторно, цениме дека луѓето се на работ. Во овој момент, сите страни треба да си дадат една на друга малку милост и да земат здив. Ова е нов почеток. Да се ​​надеваме на исцелување и да работиме на единство во месеците и годините што следат“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира