МАСКИТЕ И ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ЈАВНИ СОБИРИ МОЖЕ ДА СПАСАТ 280.000 ЖИВОТИ ВО ЕВРОПА ДО ФЕВРУАРИ, ВЕЛИ СЗО

    МАСКИТЕ И ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ЈАВНИ СОБИРИ МОЖЕ ДА СПАСАТ 280.000 ЖИВОТИ ВО ЕВРОПА ДО ФЕВРУАРИ, ВЕЛИ СЗОСЗО им порача на владите да не се двоумат да преземат реалитивно мали акции со кои може да се избегне поголема смртност (Фото: АП)

    Воведувањето на едноставни построги контроли може да спаси стотици илјади животи во Европа во наредните месеци, вели Светската здравствена организација, додека континентот се соочува со експоненцијалниот раст на бројот на нови случаи на коронавирус.

    СЗО им порача на владите да преземат итни мерки за да го скротат вториот бран на ширењето на коронавирусот, откако Европа регистрираше рекордна неделна бројка од речиси 700.000 новозаразени.

    „Есенскиот и зимскиот бран продолжува да се шири низ Европа, со експоненцијален пораст на бројот на нови случаи. Време е да се реагира, не се двоуемете да преземете реалитивно мали акции со кои можат да се избегнат болни штети што ги видовме во првиот бран“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

    Тој се повика на проекции од она што го опиша „сигурни епидемиолошки модели“ и кажа дека тие не се оптимистички за Европа.

    „Тие модели навестуваат дека продолжените опуштени политики би можеле да доведат до четири-пет пати поголема смртност од онаа во април. Но, со итни мерки како задолжително носење маска и ограничување на јавни собири би можеле да се спасат 281.000 животи во Европа до февруари“, кажа Клуге.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира