ТЕРОРИСТОТ ОД НОВ ЗЕЛАНД Ѝ ИСПРАТИЛ ПИСМО НА ПРЕМИЕРКАТА АРДЕРН НЕПОСРЕДНО ПРЕД НАПАДОТ

    ТЕРОРИСТОТ ОД НОВ ЗЕЛАНД Ѝ ИСПРАТИЛ ПИСМО НА ПРЕМИЕРКАТА АРДЕРН НЕПОСРЕДНО ПРЕД НАПАДОТПремиерката Ардерн го опиша нападот во Крајстчрч како терористички чин (Фото: Ројтерс)

    Терористичкиот масовен убиец од Нов Зеланд Брентон Тарант им испратил е-пошта на премиерката Џасинда Ардерн и на други политичари непосредно пред да го почне својот крвав поход во две џамии во Крајстчрч. Тој наводно им го испратил својот обемен манифест, во кој, меѓу другото, пишува дека метите на својот напад ги избрал пред три месеци.

    Канцеларијата на Ардерн соопшти дека истото писмо го добиле лидерот на опозицијата, претседателот на парламентот и околу 70 медиуми. Тоа било испратено неколку минути пред почетокот на нападот.

    „Во писмото не се опишува ништо специфично, ниту, пак, има детали кои би помогнале да се спречи нападот“, изјави портпаролот на Ардерн.

    Повеќето од 49-те загинати во нападот се мигранти или бегалци од држави како Авганистан, Јордан, Пакистан, Малезија, Сомалија, Турција и Индонезија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира