Доналд Трамп кажа дека „требало да биде мртов“, нарекувајќи го обидот за атентат „надреално искуство“.
„Не требаше да сум тука, требаше да бидам мртов“, кажа Трамп, зборувајќи за „Њујорк пост“, додека патуваше за Милвоки да присуствува на Републиканската национална конвенција.
Трамп носеше бел завој на десното уво, но неговите соработници не дозволија фотографирање, велат од „Њујорк пост“.
„Докторот во болницата кажа дека никогаш не видел вакво нешто, тој рече дека станува збор за чудо“, додаде Трамп.
Во првото интервју по атентатот, Трамп кажа дека бил спасен „од среќа или од Господ“.
„Најневеројатно нешто беше што јас случајно не само што се свртев, туку се свртев во вистински момент и токму толку колку што треба“, рече Трамп, додавајќи дека куршумот што му го повреди увото лесно можел да го убие.
Поранешниот американски претседател и актуелен кандидат за претседател на Републиканската партија преживеа атентат додека држеше говор на настан во Пенсилванија во саботата вечер.
Осомничениот атентатор беше убиен од снајперист на Тајната служба, а загина еден од присутните на настанот и уште двајца други се повредени.