МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО УКРАИНА

    МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО УКРАИНАПутин се обвинува за нелегална депортација на деца и луѓе од Украина во Русија (Фото: АП)

    Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за руските воени злосторства во Украина.

    Москва постојано ги негира обвинувањата дека нејзините сили извршиле злосторства за време на едногодишната инвазија на Украина и тврди дека тие не напаѓаат цивили.

    Налогот за апсење на Путин се темели на сомнежите за нелегална депортација на деца и за нелегален трансфер на луѓе од Украина на територијата на Руската Федерација. Налог за апсење по истите обвиненија е издаден и за Марија Алексејевна Лвова-Белова, руската комесарка за правата на децата.

    ИЦЦ неодамна ја покрена првата истрага во врска со војната во Украина, но Русија веднаш кажа дека не ја признава јурисдикцијата на овој суд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира