МЕКСИКО ГИ ИСПРАТИ СВОИТЕ СЛАВНИ КУЧИЊА ТРАГАЧИ ДА БАРААТ ПРЕЖИВЕАНИ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА

    МЕКСИКО ГИ ИСПРАТИ СВОИТЕ СЛАВНИ КУЧИЊА ТРАГАЧИ ДА БАРААТ ПРЕЖИВЕАНИ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈАКучињата ги освоија срцата на Мексиканците по земјотресот во главниот град Мексико во 2017 (Фото: Твитер)

    Мексико, земја подложна на земјотреси, се приклучува кон широката коалиција земји кои испраќаат помош во Турција и Сирија по вчерашниот катастрофален земјотрес, во кој загинаа над 5.000 луѓе. Покрај тим од 16-мина спасувачи, Мексико ги испрати и своите славни кучиња трагачи за да бараат преживеани под урнатините.

    Овие кучиња ги освоија срцата на Мексиканците кога неуморно ги пребаруваа урнатините по земјотресот во главниот град Мексико и соседните региони во 2017, во кој загинаа стотици луѓе. Најславното меѓу нив, златниот ретривер Фрида, угина од старост пред три месеци, откако во својата кариера спаси 12-мина луѓе.

    Сепак, некои од искусните кучиња кои тогаш работеа со Клара, како Еко, сега се дел од мексиканскиот спасувачки тим.

    Турскиот потпретседател Фуат Октај изјави дека повеќе од 8.000 луѓе досега се извлечени од урнатините.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира