МЕРКЕЛ ГИ УВЕРИ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ДЕКА ТАА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НИВ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:424:"БешемногуважнодасенагласидекаперспективатазачленствоназемјитеодЗападенБалканостануванедопренаидекаодлукаташтојадонесеВеликаБританијадајанапуштиЕУнегоменуватоанабилокојначин,изјавиМеркелвоПариз.";s:9:"td_source";s:37:"Париз,(разниизвори)

    МЕРКЕЛ ГИ УВЕРИ ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ДЕКА ТАА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД НИВ

    Германската канцеларка Ангела Меркел ги увери земјите од југоисточна Европа дека таа е посветена да ги води кон Европската унија, и покрај тоа што блокот се соочува со кризата предизвикана од одлуката на Обединетото кралство да ја напушти унијата.

    Забелешките на Меркел искажани вчера на Конференцијата за Западен Балкан, која беше организирана од францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз се сигнал дека Германија го оддржува дипломатскиот притисок да го стабилизира регионот кој се интензивираше откако Русија го анектираше Крим од Украина во 2014 година.

    „Беше многу важно да се нагласи дека перспективата за членство на земјите од Западен Балкан останува недопрена,” изјави Меркел. “Одлуката што ја донесе Велика Британија не го менува тоа на било кој начин. Тоа е она од што овие земји се плашат“, рече таа.

    На Самитот во Париз беа шефовите на држави или влади на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Италија и претставнивци на ЕУ. Домаќин беше францускиот претседател Франсоа Оланд.

    Во декларацијата издадена од Елисејската палата стои дека „повеќе од кога било, владеењето на правото е во центарот на процесот на проширување, особено во однос на реформите во правосудството, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и целосното почитување на основните човекови права“.

    Учесниците потпишаа договор да ги засилат размените помеѓу младите, како начин за надминување на последиците од војните во регионот во 1990-тите и надминување на етничките и национални бариери. “Се занимаваме со политички процеси, кои се уште не се лесни”, рече Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари