МЕРКЕЛ ЌE БРКА ЧЕТВРТ МАНДАТ НА ИЗБОРИТЕ ВГОДИНА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Берлин,(МЕТА)

    МЕРКЕЛ ЌE БРКА ЧЕТВРТ МАНДАТ НА ИЗБОРИТЕ ВГОДИНА

    Германската канцеларка Ангела Меркел ќе се обиде да добие четврт мандат на изборите следната година, пишуваат германските медиуми. Се очекува, Меркел својата одлука да се натпреварува на изборите, да ја соопшти на состанокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

    Ангела Меркел за време бегалската криза зазеде цврст став за прифаќање на бегалците поради кој денес многумина ја осудуваат, вклучувајќи го и новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

    Канцеларката Меркел не отстапува од својот став, иако многу луѓе во нејзината држава сметаат дека универзалните вредности ги ставила пред националните вредности на сопствената земја.

    Нејзината политика не помина безболно, имајќи предвид дека Маркел доживеа пад на популарноста меѓу германските избирачи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира