МЕРКЕЛ ЌЕ ПОБАРА ЗАОСТРУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА И ДЕЦАТА ЦЕЛО ВРЕМЕ ДА НОСАТ МАСКА ВО УЧИЛИШТЕ

    МЕРКЕЛ ЌЕ ПОБАРА ЗАОСТРУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА И ДЕЦАТА ЦЕЛО ВРЕМЕ ДА НОСАТ МАСКА ВО УЧИЛИШТЕГерманија е во лесен карантин од 2 ноември, но бројот на заразени продолжи да расте (Фото: ДПА)

    Германија планира да воведе нови рестрикции за јавни и приватни собири и да ги заостри правилата за носење маска, за што Ангела Меркел ќе разговара на денешниот видеосостанок со лидерите на 16-те сојузни покраини.

    Според нацрт-предлогот, децата и младите ќе се советуваат да се гледаат само со еден пријател, а приватните собири и дружби ќе се ограничат на луѓе од едно домаќинство и најмногу две лица од друго домаќинство.

    Германија ја разгледува и опцијата за затворање на училиштата, при што наставниците и децата од сите возрасти ќе мора да носат маска дури и на час.

    Германија од 2 ноември е во лесен едномесечен карантин, но бидејќи бројот на заразени со коронавирус продолжи да расте и во изминатиот период, за очекување е владата денеска да предложи заострување на мерките.

    „Вирусот ќе продолжи да доминира во животите на луѓето уште долго време. Претстојната зима ќе се бара многу од сите нас“, кажа Меркел во саботата.

    Баварскиот премиер Маркус Зедер не ја исклучи можноста сегашните рестрикции да останат на сила и во декември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира