МЕРКЕЛ ПОБАРА ОД ГЕРМАНЦИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО ПОСЛЕДНОТО ОБРАЌАЊЕ КАКО КАНЦЕЛАРКА

    МЕРКЕЛ ПОБАРА ОД ГЕРМАНЦИТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ВО ПОСЛЕДНОТО ОБРАЌАЊЕ КАКО КАНЦЕЛАРКАМеркел им се заблагодари на граѓаните кои имаат разбирање за мерките за заштита од коронавирусот. (Фото: принтскрин)

    Германската канцеларка на заминување Ангела Меркел повика на солидарност во борбата против ширењето на коронавирусот и уште еднаш апелираше до Германците да се вакцинираат, во нејзината последна неделна видеопорака како канцеларка.

    „Сфатете го сериозно овој непредвидлив вирус“, повика таа.

    Меркел зборуваше за пренатрупаните оддели за интензивна нега со сериозно болни пациенти ширум Германија и ужасно високиот број на починати како последица на вирусот.

    „Секој од нив зад себе ги остава семејството и пријателите, шокирани и беспомошни. Ова е посебно горко затоа што може да биде избегнато. Со ефективни и безбедни вакцини, клучот е кај нас“, кажа Меркел и им се заблагодари на граѓаните кои имаат разбирање за мерките за заштита од коронавирусот.

    „Тие го сочинуваат огромното мнозинство во нашата земја. Тие секој ден го покажуваат граѓанскиот дух кој ја прави оваа земја прекрасна и без нив никој канцелар, ниту влада, не може да постигне ништо“, додаде долгогодишната германска канцеларка.

    Меркел ја напушта функцијата следната недела и на нејзиното место доаѓа Олаф Шолц од социјалдемократите.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира