МЕРКЕЛ ПОТВРДИ ДЕКА ГЕРМАНИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ЛЕСЕН КАРАНТИН ЕДЕН МЕСЕЦ

    МЕРКЕЛ ПОТВРДИ ДЕКА ГЕРМАНИЈА ЌЕ БИДЕ ВО ЛЕСЕН КАРАНТИН ЕДЕН МЕСЕЦМеркел успеа да добие согласност за новите мерки од 16-темина регионални лидери (Фото: Гети)

    Ангела Меркел потврди дека Германија на 2 ноември влегува во состојба на лесен карантин, во обид да се сопре ширењето на коронавирусот. Рестриктивните мерки ќе бидат на сила во целата земја во текот на ноември.

    „Достигнавме точка кога 75% од инфекциите не можат да се следат. Мора веднаш да дејствуваме. Ова се тешки мерки“, изјави Меркел по разговорот со 16-темина регионални лидери.

    Таа додаде дека бројот на пациенти на интензивна нега се удвоил во изминатите десет дена и предупреди дека капацитетите на здравствениот систем наскоро би можеле да достигнат максимум доколку ширењето на вирусот продолжи со сегашното темпо.

    Рестрикциите предивидуваат затворање на сите ресторани и културни и рекреативни установи, а спортските натпревари ќе се играат без публика. Продавниците, училиштата и градинките остануваат отворени. Бизнисите кои ќе бидат погодени со затворањето ќе добијат финансиска помош од вкупно десет милијарди евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира