МЕРКЕЛ И ПУТИН НИШТО НЕ СЕ ДОГОВОРИЛЕ НА СРЕДБАТА ВО БЕРЛИН

    МЕРКЕЛ И ПУТИН НИШТО НЕ СЕ ДОГОВОРИЛЕ НА СРЕДБАТА ВО БЕРЛИНГасоводот „Северен тeк 2“ беше една од главните теми на разговор; - Путин и Меркел на средбата во замокот Мезебург (Фото: Ројтерс)

    Ангела Меркел и Владимир Путин не постигнале никаков договор на средбата во Берлин, на којашто се разговарало за конфликтите во Украина и Сирија, за Иран и за проектот на гасоводот.

    „На состанокот не беше постигнат никаков напредок, ниту договор. Состанокот имаше за цел само да видат на што се, по средбата на Меркел и Путин во Сочи во мај“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Односите помеѓу двете земји се заострени по руската анексија на Крим во 2014 година.

    „Двајцата лидери го гледаат гасоводот ‘Северен тeк 2‘ како чисто комерцијален проект, и покрај постојаното жестоко противење од САД и од украинската влада. Затоа е неопходно да се преземат мерки против можните нелегални напади од трети страни, со цел да се комплетира овој проект“, додаде Песков, не прецизирајќи за какви мерки станува збор.

    САД го притискаат Берлин да го запре проектот што треба да пренесува гас од Русија преку Балтичкото Море, сметајќи дека Германија со тоа ќе стане енергетски зависна од Русија. Во исто време, Украина стравува дека гасоводот ќе ѝ овозможи на Русија да ја исклучи земјата од транзитниот бизнис.

    „Главното прашање за нас е дали транзитот преку Украина ќе ги исполни нашите економски барања. ‘Северен тeк 2‘ е исклучиво економски проект“, изјави Путин во Берлин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира