МЕРКЕЛ УТРЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА СО „АСТРАЗЕНЕКА“

    МЕРКЕЛ УТРЕ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА СО „АСТРАЗЕНЕКА“Со 66 години, Меркел спаѓа во возрасната група која може да ја прими вакцината на „АстраЗенека“ (Фото: Ројтерс)

    Ангела Меркел утре ќе се вакцинира против ковид-19, и тоа со „АстраЗенека“, што има за цел да ја засили довербата во оваа вакцина во Европска Унија. Германската канцеларка има 66 години, а Германија ја препорачува оваа вакцина само за лицата над 60 години.

    Голем број држави ја ограничија употребата на вакцината на „АстраЗенека“ на одредена возрасна група откако Европската агенција за лекови потврди дека тромбоза може да се смета за нејзин несакан ефект.

    Во Германија денеска се регистрирани 29.426 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од 8 јануари. Седумдневниот просек на заразени на 100.000 жители порасна на 160,1, поради што шефот на институтот за заразни болести „Роберт Кох“, Лотар Вилер, повика да се воведат драстични рестриктивни мерки.

    „Германците мора драстично да ги намалат меѓусебните контакти за да се запре третиот бран на пандемијата. Ситуацијата е драматична и може целосно да излезе од контрола“, рече Вилер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира