„МЕРЦЕДЕС“ ЌЕ ПЛАТИ КАЗНА ОД 1,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗАШТО МАМЕЛ НА ЕКОЛОШКИТЕ ТЕСТОВИ ВО САД

    „МЕРЦЕДЕС“ ЌЕ ПЛАТИ КАЗНА ОД 1,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗАШТО МАМЕЛ НА ЕКОЛОШКИТЕ ТЕСТОВИ ВО САД„Мерцедес“ за седум години продал 250.000 возила кои не ги задоволуваат американските стандарди (Фото: Гети)

    „Дајмлер“ и „Мерцедес-Бенц“ се согласија да им исплатат 1,5 милијарди долари на американската влада и на властите на Калифорнија откако се спогодиле за обвинувањата дека мамеле на тестовите за издувни гасови.

    Министерството за правда, Агенцијата за заштита на животната средина и јавниот обвинител на Калифорнија соопштија дека „Дајмлер“ ги прекршил законите за животна средина користејќи софтверски уред за да ги заобиколи регулативите на тестирањата. Благодарение на ова, од 2009 до 2016 година, двете компании продале 250.000 автомобили и комбиња со дизелски мотори што не ги задоволуваат државните и федералните стандарди.

    Во рамките на казната, „Дајмлер“ мора бесплатно да поправи најмалку 85% од засегнатите автомобили во наредните две години, односно 85% комбиња во следните три години.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари